Home Актуелно Временска прогноза за првиот августовски понеделник

Временска прогноза за првиот августовски понеделник

Денес, 3. август, времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец. УВ индексот ќе биде 8, информира Управата за хидрометеролошки работи.

Утринската температура ќе се движи од 11 до 22 степени, а дневната од 27 до 35 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и топло со мала облачност. Утринската температура ќе достигне до 17 степени, а дневната до 35 степени. Маврово 27, Охрид и Крива Паланка 30, Битола 32, Берово 29, Кавадарци 35, Дојран 34 степени.

И за утре прогнозата е сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Дневните температури ќе се движат од 27 до 36 степени.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…