Home Актуелно 193 нови случаи на коронавирус во последните 24 часа

193 нови случаи на коронавирус во последните 24 часа

Во последните 24 часа се направени 1391 тестирање, а регистрирани се 193 нови случаи на ковид-19, по градови распределени вака:

-Скопје 140
-Куманово 2
-Дебар 1
-Штип 6
-Тетово 19
-Струга 5
-Велес 2
-Охрид 11
-Гостивар 4
-Свети Николе 1
-Ресен 2

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа три лица од Скопје на возраст од 78 и 47 години хоспитализирани на 4 односно 7 јуни и пациентка на 85 години, хоспитализирана на 9 јуни.

Во ГОБ „8 септември“ починаа четири лица, двајца пациенти од Скопје на возраст од 69 и 67 години, хоспитализирани на 9 односно 15 јуни, пациентка од Куманово на 67 години, примена на 2 јуни и пациент од Тетово на 61 година, примен на 2 јуни.

Во ОБ Куманово почина пациент на 81 година, хоспитализиран на 3 јуни, во ОБ Охрид пациент на 83 години, примен во болницата на 8 јуни.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 46 оздравени пациенти од:

-Скопје 35
-Куманово 1
-Штип 6
-Тетово 1
-Струга 1
-Гостивар 1
-Валандово 1

Досега во земјата се направени вкупно 46.445 тестирање на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 4482 бројката на оздравени пациенти е 1803, на починати е 210, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2469.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…