Home Актуелно Претседателот Пендаровски најави дека нема да ја продолжи вонредната состојба

Претседателот Пендаровски најави дека нема да ја продолжи вонредната состојба

Македонскиот претседател Стево Пендаровски денеска соопшти дека во овој момент нема потреба за продолжување на вонредната состојба, која истекува утре на полноќ.

Тој појасни дека досега до него не е пристигнато мислење од Владата за или против продолжување на вонредната состојба која на сила во континуитет е од 18 март.

Иако, како што рече, тој според Уставот има право и без Владата да донесе одлука за вонредна состојба во услови кога нема функционален Парламент, тој досега секогаш се консултирал со институциите кога се работи за клучни одлуки.

Неговата одлука да не ја продолжи вонредната состојба ја објасни со информациите од Владата дека има доволна количина медицинска и заштитна опрема и донесени се економски мерки за поддршка на домашната економија а за што има доволно средства во Буџетот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…