Home Актуелно МВР поднесе кривична пријава против колумнистот Бранко Тричковски

МВР поднесе кривична пријава против колумнистот Бранко Тричковски

Според податоците кои се достапни во полицискиот билтен, МВР објави дека дека против 68-годишен скопјанец поднела кривична пријава за две дела меѓу кои и за загрозување на сигурноста.

Станува збор за новинарот и колумнист Бранко Тричковски кој пред една седмица на ФБ објави статус за опозицискиот лидер Христијан Мицкоски.

Во МВР билтенот пишува:

– Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР до Oсновното јавно обвинителство–Скопје поднесе кривична пријава против Б.Т.(68) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела “загрозување на сигурноста“ предвидено и казниво по чл.144 ст.4 и „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“ предвидено и казниво по чл.394-г од КЗ. Имено пријавениот преку социјалната мрежа Фејсбук на 13.04.2020 објавил статус со навредлива и заканувачка содржина кон претседател на политичка партија.
Тричковски пред една недела објави коментар на социјалната мрежа во кој меѓу другото наведе „Што ќе се случи ако умре Христијан М.“, а по јавните реакции и неговото објаснување на својот ФБ коментар, полицијата одлучи да го гони за две кривични дела.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…