Home Шоубизнис Предвреме ја прогласија за победник: Оваа песна е фаворит за триумф на Евросонг 2020

Предвреме ја прогласија за победник: Оваа песна е фаворит за триумф на Евросонг 2020

Иако сè уште ја немаме официјално комплетната листа на натпреварувачите-претставници на сите земји кои ќе бидат дел од две полуфинални вечери на овогодинешното издание на Евровизија, обложувањата се веќе отворени и започна нагодувањето за победникот на 65-от по ред музички натпревар.

Според веб-страницата „Еurosvisionworld“, која ги собира сите квоти од обложувалниците, веќе има понуда кој ќе победни на Евровизија. Според нивните статистики, фаворит за победник на Евровизија 2020 е Литванија.

Актуелен фаворит за победникот на Евровизија е Литванија, земја која никогаш не постигнала значаен резултат на ова натпреварување.

Литванија во Ротердам оваа година ќе ја претставува групата „The Roop“ од Вилнус, а ќе ја изведе песната „On Fire“, која веќе има повеќе од два милиони прегледи на официјалниот канал Евровизија.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Дона Келси вели дека виралниот твит поврзан со Тревис Келси не е од негов профил

Дона Келси го оспорува тврдењето дека стар вирален твит е поврзан со нејзиниот син, Тревис…