Home Живот и здравје Белгијците работата на откривање вакцина за коронавирусот

Белгијците работата на откривање вакцина за коронавирусот

Белгискиот католички универзитет во Лувен веќе работи на иновирање вакцина против коронавирусот врз основа на веќе постоечки вакцини, пренесува МИА.

Одделот за вирологија на Универзитетот во Лувен (КУЛ) има изработено технологија базирана на вакцината против жолтата треска и која може лесно да се реплицира за да се добие нова вакцина против коронавирусот, објаснуваат научниците од виролошкиот оддел.

-Претходно успеавме да развиеме ДНК технологија за да внесеме нов генетски материјал во вакцината против жолтата треска , и тоа станува еден вид база. Ги искомбиниравме вакцината против жолтата треска со таа против беснило и видовме дека се компатибилни, истото го сторивме и со вакцината против ебола и успеа, овие манипулации ни овозможија да развиеме технологија која лесно се произведува и не чини скапо со голема термостабилност, вели Јохан Нејтс, професор на КУЛ.

Сега со појавата на кинескиот вирус, научниците треба да работат брзо за да развијат вакцина. ДНК технологијата сега ќе се комбинира со геномот на коронавирусот за да се види дали ќе даде резултати. За шест до осум недели научниците ќе знаат дали вакцината е ефикасна за глувците.

-Ќе ни треба еден месец за да видиме дали произведуваат антитела, и ќе има уште неколку етапи пред првите клинички тестови, вели професорот.

Епидемиолозите сметаат дека во наредните децении ќе се појавуваат нови вируси и потребно е науката да биде подготвена да реагира брзо

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Живот и здравје
Comments are closed.

Check Also

Што се случува со крвниот притисок ако секој ден пиете сок од портокал?

Што се случува со притисокот ако секој ден пиете сок од портокал? Крвниот притисок зависи …