Home Актуелно Ракетирана Зелената зона во Багдад каде е лоцирана и амбасадата од САД

Ракетирана Зелената зона во Багдад каде е лоцирана и амбасадата од САД

Најмалку две ракети експлодираа во близина на силно утврдената Зелена зона во Багдад, каде се лоцирани американската амбасада и други странски дипломатски објекти.

Најмалку две експлозии се случија денеска во близина на Зелената зона, јави Франс прес, повикувајќи се на безбедносни извори, иако останува нејасно дали експлозиите резултирале со жртви.

Видеоснимките што кружат на социјалните медиуми се чини дека прикажуваат област во близина на комплексот, каде што може да се слушнат вклучените сирени.

Нападот се случува по серија слични инциденти последниве неколку недели. Минатиот вторник беа испукани ракети близу Камп Таџи – база на американската коалиција северно од Багдад, при што беше повреден најмалку еден ирачки војник. Неколку дена пред тоа, осум ракети „Катјуша“ ја погодија воздушната база Ал-Балад, друг објект во кој се наоѓаат американски војници, при што беа повредени четири лица од ирачкиот персонал. Ниту една група не ја презема одговорноста за нападите.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…