Home Вебкафе Тажно: Најнискиот човек на светот почина на 27-годишна возраст

Тажно: Најнискиот човек на светот почина на 27-годишна возраст

Официјално најнискиот човек на светот, 67 сантиметри високиот Кагендра Тапа Магар, почина на 27 години. Кхагендра се борел со пневмонија и починал во болница во Непал.

Кагендра е внесен во Гинисовата книга на рекорди како најнизок човек на светот способен да се движи во 2010.

Тој прв пат се појавил во Гинисовата книга на рекорди како најнискиот машки тинејџер, пред да се здобие со титулата за најнизок човек на светот кога наполнил 18 години.

Таткото на Кагендра рекол дека кога тој се родил бил толку малечок што го собирало во дланка и било многу тешко да го бањаат затоа што е толку мал.

Креиг Глендеј од Гинисовата книга на рекорди изјавил: „Многи сме тажни откако ги чувме вестите од Непал дека Кагендра повеќе не е меѓу нас“.

По влегувањето во Гинисовата книга на рекорди, Кагендра станал туристички амбасадор за Непал, бидејќи се појавувал низ медиумите во целиот свет. Неговиот брат рекол дека Кагендра починал изминатиов петок околу 15:00 часот по локално време.

Сега рекордот за најнизок жив човек ќе го преземе Колумбиецот Едвард Хернандез со 70 центиметри.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

7 знаци дека станувате посреќни со годините (иако животот сè уште знае да биде хаотичен)

7 Знаци дека станувате посреќни со годините (и покрај хаосот којшто животот сè уште знае д…