Хари и Меган останаа без кралските титули – треба да вратат 2,4 милиони фунти


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Британската кралица Елизабета II им ги одзеде аристократските монархиски титули на Хари и Меган Маркл ќе бидат ослободнеи од кралските обврски како членови на кралското семејство и повеќе нема да ја користат титулата „кралско височество“, пренесуваат Бекингемската палата.

Отсега нема да добиваат државни пари, а на нивно барање, ќе вратат и сума од 2,4 милиони фунти кои ги добија за реновирање на нивната куќа која сепак, ќе остане нивен дом. Во меѓувреме таткото на Меган Маркл, Томас Маркл, ја обвини неговата ќерка дека го „поефтинила“ кралското семејство.

Инаку, во соопштението на бакингемската палата,кралицата Елизабета напиша дека таа по состанокот со членовите на кралското семејство на 13 јануари се согласила со желбата на Хари и Меган да водат независен живот и оти е договорен преоден период, во кој тие ќе го поминуваат времето во Канада и Велика Британија.

Војводата и војводтката од Сасекс претходно го изненадија кралското семејство објавувајќи дека сакаат „нов работен модел“, што ќе им овозможи да поминуваат подолг период во Северна Америка и да бидат финансиски независни.