Home Актуелно Облачна недела

Облачна недела

Денес, недела, петти јануари, времето во Македонија ќе биде облачно со засилен северен ветер и со повремени врнежи претежно од снег.

Врнежите ќе бидат со слаб, а во западните делови на места со умерен интензитет. Вдолж Повардарието, каде ветерот ќе биде најсилен, преку денот ќе има и повремено намалување на облачноста.

Утринската температура ќе се движи од минус 4 до 4 степени, а дневната од минус 2 до 7 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде облачно со засилен северен ветер и со повремени врнежи претежно од снег. Утринската температура ќе достигне до нула степени, а дневната до 4 степени.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…