Home Актуелно Околу 500 милиони животни загинаа во пеколните пожари во Австралија

Околу 500 милиони животни загинаа во пеколните пожари во Австралија

Околу половина милијарда животни загинаа во катастрофалните пожари кои ја предизвикаа вистински пекол и ја пустошат Австралија со месеци. Се стравува дека некои видови се целосно исчезнати..

Екологистите од Универзитетот во Сиднеј проценуваат дека се изгубени околу 480 милиони цицачи, птици и влекачи и очекуваат оваа бројка да продолжи да расте.

Ситуацијата е најтешка во сојузните држави Викторија и Нов Јужен Велс, кој прогласи вонредна состојба, бидејќи високи температури и силни ветрови се најавуваат и за претстојниот викенд, што ќе предизвика екстремно голема опасност од ширење на огнот. Војската подготвува евакуација на 4.000 луѓе кои се заробени во соседната Викторија.

Коалите се меѓу животните кои најтешко настрадаа во пожарите бидејќи тие бавно се движат и се хранат само со листови од еукалиптус, кои се богати со масло и затоа се лесно запаливи. Се верува дека во последните четири месеци умреле 8.000 коали, што е една третина од нивната популација во Нов Јужен Велс.

Од септември, во пожарите загинаа 18 луѓе и уште 17 се водат како исчезнати, а изгореле над 1.200 домови.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

7 знаци дека станувате посреќни со годините (иако животот сè уште знае да биде хаотичен)

7 Знаци дека станувате посреќни со годините (и покрај хаосот којшто животот сè уште знае д…