Home Актуелно Во авионска трагедија во Казахстан загинаа најмалку 15 лица, над 60 се тешко повредени

Во авионска трагедија во Казахстан загинаа најмалку 15 лица, над 60 се тешко повредени

Во урвањето на патничкиот авион од типот “Фокер-100” непосредно по полетувањето од аеродромот во казахстанскиот град Алмати загинаа најмалку 15 патници, а најмалку 60 се тешко повредени.

Авионот на компанијата “Бек-Ер” почнал нагло да губи висина, пробил бетонски ѕид и удрил во мала станбена зграда.

Крајната дестинација на авионот била до најголемиот град на оваа земја Нур-Султан.

Авионот се срушил само 19 минути по полетувањето. Нема информации дали пилотот веднаш пријавил некаков проблем.

Загинати се најмалку 15 патници, а 60 се потешко повредени. Авионот имал 93 патника и пет членови на екипажот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…