Home Актуелно Бектеши најави: До утре исплата на субвенциите за вграден плински систем во возилата

Бектеши најави: До утре исплата на субвенциите за вграден плински систем во возилата

Министерот за економија, Крешник Бектеши, вчера најави дека до утре, петок, 27 декември, на над 750 граѓани на сметките ќе им легнат парите за вградени плински уреди во возилата.

– Рокот за јавниот повик е веќе завршен, а до крајот на неделава, односно до петок на сите што аплицирале и ги исполниле условите ќе им бидат исплатени парите од субвенциите, рече Бектеши во одговор на прашање пред почетокот на панел дебатата „Парафискалните давачки – Колкав товар претставуваат за компаниите“.

Тој посочи дека според податоците што му се доставени од Секторот, субвенции ќе се доделат на над 750 граѓани.

Како што истакна Бектеши, веќе е при крај новиот модел за субвенционирана набавка на возило со ЕУРО 5 или повисок еколошки стандард.

– Ќе одиме со уредба во која најглавно е што ќе го имаме предвид еколошкиот аспект, прецизира Бектеши.

За субвенционирање на вградување на уред за погон на ТНГ, метан или друг вид на алтернативно гориво во возилата се субвенционира 50 отсто од цената на трошоците за набавка и вградување на уредот, но не повеќе од 300 евра во денарска противвредност.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…