Home Актуелно Казна во висина од 150 милиони евра од Франција за Google

Казна во висина од 150 милиони евра од Франција за Google

Француската агенција за пазарна конкуренција донесе одлука за парична казна изречена на технолошкиот гигант Google во висина од 150 милиони евра за „злоупотреба на својата доминантна позиција“ на пазарот на рекламите на интернет.

Агенцијата денеска најваи дека употребените методи од Google Ads се „нејасни и тешко разбирливи“ и дека компанијата овие ги употребува „не нерамноправен и произволен начин“.

Исто така побара од Google да објасни како го употребува Google Ads и нејзините процедури за суспендирање на сметките.

Од друга страна Google преку соопштение рече дека ќе ја обжали одлуката додавајќи дека нејзинити политики на рекламирање се креирани за да ги заштити потрошувачите од „експлоативните и абузивните реклами“.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…