Home Актуелно 127 услуги од 28 институции достапни на Националниот портал за електронски услуги

127 услуги од 28 институции достапни на Националниот портал за електронски услуги

Во употреба е пуштен порталот uslugi.gov.mk преку кој ќе може да се добиваат документи и услуги и да се плаќаа административни такси и надоместоци со картичка што значи веќе нема да чекаат ниту во банките.

Националниот портал кој е направен во соработка со ЕУ и УСАИД. Засега во електронска форма се достапни 127 услуги од 28 институции. Во иднина тој број ќе се зголемува и ќе стигне до 1.300 услуги. На него најавувањето ќе се врши со маил и лозинката од УЈП. Овој портал ќе стави крај е дел од борбата со корупцијата.

Од денеса преку порталот ќе можат да се добијат потврди од Министерството за труд и цоцијала, од Агенцијата за вработување М1 и М2, М4 од ПИОМ. Порталот е лесен за употреба и за лицата со попреченост и е достапен на македонски, албански и англиски јазик. На јавниот дел можат да се добијат сите услуги без најава и идентификација, но приватниот дел е достапен само за евидентирани и регистрирани лица.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…