Home Актуелно Еден починат и петмина повредени во стравична сообраќајка на патот Куманово-Крива Паланка

Еден починат и петмина повредени во стравична сообраќајка на патот Куманово-Крива Паланка

Во тешка сообраќајна несреќа која денес околу 14 часот и 15 минути се случи на патот Куманово-Крива Паланка, кај село Облавце, која ја предизвикаа неколку возила и цистерна, загина едно лице, а петмина се повредени.

На лице место се упатиле повеќе амбулатни возила, противпожарно возило и возила на шлеп служба.

Во моментот сообраќајот на овој патен правец е затворен и има километарска колона автомобили. Дел од возачите се упатуваат по локалните патишта.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…