Home Актуелно Каменос: Нема закана од Скопје, за 20 минути ќе ги средиме ако им пратиме тенкови

Каменос: Нема закана од Скопје, за 20 минути ќе ги средиме ако им пратиме тенкови

Поранешниот грчки министер за одбрана Панос Каменос во интервју во средата го напаѓаше Преспанскиот договор, велејќи дека Грција за 20 минути би ја зазела Македонија, пишува „Катимерини“

„Ние не чувствуваме никаква закана. Скопје е работа од 20 минути. Ако трупа тенкови решат да ја преминат границата, ќе стигнат до другата страна на Скопје. Ќе стигнат до Србија“, рече тој за грчкиот телевизиски канал ТРТ.

Тој потоа повтори дека бил „измамен“ од премиерот Алексис Ципрас, за кој рече дека првично требало да го донесе договорот за името во парламентот по март.

Поранешниот владин коалициски партнер, кој поднесе оставка од министерското место откако договорот беше донесен на ратификација во парламентот, го критикуваше и поранешниот министер за надворешни работи Никос Коѕијас велејќи дека „дејствувал предавнички“.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…