Денес на пладне Заев и Ахмети ќе договараат заеднички претседателски кандидат


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Челните луѓе на најголемите партии од владејачката коалиција СДСМ и ДУИ, премиерот Зоран Заев и Али Ахмети денеска на пладне, на средба во Клубот на пратеници ќе ги кројат плановите и договорите за заеднички претседателски кандидат на претстојните претседателски избори кои се закажани за 21 април.

Владините коалициони партнери повторно ќе направат обид за консензуален кандидат, откако тоа се изјалови при првичниот обид на средбата која помеѓу двајцата лидери се оддржа неодамна.

По ова Централното претседателство на ДУИ одлучи да излезат со свој кандидат на претседателските избори, но не ја затворија целосно вратата за можен договор со СДСМ за консензуален кандидат. Односите помеѓу владините партнери се заладија откако Заев одлучи преку оглас и на конгрес да ги озбере кандидатот за претседател, на што Ахмети му одговори дека на туѓа свадба не оди. Ахмети тогаш порача дека ДУИ нема да застане зад кандидат за претседател кој СДСМ ќе го избере на конгрес.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ веќе го одбра својот кандидат во професорката Гордана Силјановска, па се очекува утре Заев и Ахмети на маса да стават неколку имиња

СДСМ и партиите од неговата изборна коалиција синоќа се договорија да настапат со заеднички кандидат за претседател на пресојните претседателски избори.

„Коалицијата предводена од СДСМ, која ја сочинуваат над 20 политички партии, се води искучиво од интересот на граѓаните, интересот на државата и нејзината иднина. Договорено е да продолжат пошироки консултации во рамки на самите партии, кои се дел од коалицијата, за избор на најсоодветен заеднички кандидат за претседател на државата, во интерес на граѓаните.“, соопштија од СДСМ.

По средбата со Ахмети, во следните денови се очекува Заев да се сретне со двете крила на БЕСА предводени од Африм Гаши и Биљал Касами, како и со лидерот на Алијансата за Албанците Зијадин Села.