Home Актуелно Американската амбасада во Скопје предупредува на можен тероризам во Северна Македонија

Американската амбасада во Скопје предупредува на можен тероризам во Северна Македонија

Американската амбасада во Скопје предупредува од зголемен ризик од терористички напади во Република Северна Македонија поттикнати и мотивирани од екстремистички идеологиима, преку известување објавено на нивната веб страна.

Американската амбасада ги советува своите државјани дека екстремистите сè почесто напаѓаат т.н. „меки цели“, како трговски центри и пазари, аеродроми, хотели, клубови и ресторани, религиозни објекти, училишта, паркови и јавни настани, како спортски натпревари, политички митинзи, демонстрации и други собири и им препорачува да бидат дополнително внимателни на такви локации.

„Терористичките организации и индивидуалци инспирирани од екстремистички идеологии се решени да напаѓаат цивили, вклучувајќи американски државјани во странство. Терористите сè почесто користат помалку софистицирани методи да нападнат толпи на јавни места, вклучувајќи пиштоли, возила и остри орудија“, се вели во соопштението на Амбасадата на САД.

Извор: СДК

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…