Home Актуелно Димитров во име на Македонија го призна Гуаидо за претседател на Венецуела

Димитров во име на Македонија го призна Гуаидо за претседател на Венецуела

Првиот човек на македонската дипломатија, министерот за надворешни работи Никола Димитров, преку Твитер се огласи во врска со моменталната политичка ситуација во Венецуела:

„Република Македонија, во согласност со своите европски партнери, го поддржува и го смета претседателот на Собранието на Венецуела Хуан Гуаидо за привремен претседател, согласно Уставот и со цел да организира слободни, фер и демократски претседателски избори“.

Досега тоа го имаат сторено 11 земји членки на ЕУ. Претходно, Италија го блокираше нацрт соопштението на ЕУ во кое се наведува дека сите земји членки на Унијата ќе го признаат Гуаидо за привремен претседател на Венецуела. Спротиставувањето на Италија спречи да се донесе единствен став на ЕУ за Венецуела.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…