Италијанското вето ја спречи Европа да го признае Гваидо за претседател на Венецуела


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ветото кое доаѓа од италијанската престолнина Рим стави блокада на известувањето дека Европската унија официјално го признава Хуан Гваидо за привремен претседател на Венецуела во случај Николас Мадуро да одбие распишување на предвремени избори.

Италија го објавила ветото на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ, кој почна на 31 јануари во Романија, рекол изворот. Во соопштението, кое требало да го објави шефицата за надворешни работи на ЕУ, Федерика Могерини, се признава Гваидо како привремен претседател ако не се одржат предвремени избори.

Европскиот парламент беше првото европско тело што го призна Гваидо како „единствен легитимен привремен претседател на земјата, додека да бидат свикани нови, слободни, транспарентни и веродостојни претседателски избори со цел да се врати демократијата“.