Home Вебкафе Гуска и галеб завршија во центар за зависници откако се предозираа со дрога (видео)

Гуска и галеб завршија во центар за зависници откако се предозираа со дрога (видео)

Две диви птици во Калифорнија завршија на привремено лекување во центар за наркозависници откако се предозирале со таблети кои биле фрлени во еден парк.

Локалните власти во Хантингтон Бич велат дека случаен минувач наишол на стотина расфрлени пилули на трева во паркот Кер. Откако видел дека во паркот лежат две птици, галеб и гуска, типот повикал брза помош. Канадска гуска и галеб завршиле на интензивна нега во центарот за одввикнување на зависности кај животни.

Птиците се лекуваат со големи дози инфузија, за да ја исфрлат дрогата од организмот. Птиците во центарот биле донесени неподвижни со знаци на предозираност од дрога.

Птиците ќе бидат пуштени од центарот откако ќе може самостојно да летаат. Полицијата истражува кој ги фрлил таблетите , кои биле комбинација на различни седативи.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

Работа од дома, вистински живот: како да се задржи социјалниот живот кога дневната соба е канцеларија

Работата од дома звучи како сон: нема гужва во превозот, нема канцелариски шум, можеш да р…