Home Актуелно Бијонсе на предвенчална забава од идниот индиски милијардерски брачен пар

Бијонсе на предвенчална забава од идниот индиски милијардерски брачен пар

Синоќа Бијонсе имаше необичен ангажман во чии рамки настапи на раскошна забава пред свадбената церемонија на индиските милијардери кои ќе прават свадба оваа недела.

Иша Амбани, ќерка на еден од најбогатите Индијци, во среда се мажи за Ананд Пирамал, син на друг индиски милијардер.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Beyoncé (@beyonce) on

Со оглед на тоа дека традиционалната индиска свадбена прослава вклучува голем број свечени церемонии и ритуали пред и после официјалната венчавка, Бијонсе беше дел од вечерта со музика и танц која обично претходни на венчалната церемонија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Beyoncé (@beyonce) on

Американската поп кралица беше една од бројните славни личности кои беа дел од прославата, заедно со ѕвездите од Боливуд и гости од рангот на Хилари Клинтон.

Бијонсе на Инстаграм сподели фотка од синоќешниот настап, на кој е облечена во индиска традиционален стил.

Свадбата која двете милијардерски семејства од Индија ќе ја прават во среда се верува дека ќе биде најгламурозната венчавка досега. На церемонијата ќе присуствуваат бројни славни личности и богаташи од сите страни на светот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…