Home Актуелно Синоќа престрелка во Диво насеље – почина едно лице

Синоќа престрелка во Диво насеље – почина едно лице

Во инцидентот кој синоќа се случи во кумановската населба Диво насеље, после расправија меѓу две семејства, дојде до престрелка од која неколку лица завршија со полесни повреди, а едно лице со потешки, кое подоцна им подлегна на раните во скопскиот Клинички центар каде што почина.

Лицето кое што синоќа беше погодено од огнено оружје во пукањето во кумановската населба Диво Насеље, им подлегна на повредите во Клиничкиот центар во Скопје, објави ТВ21. Оваа вест ја потврдија и од болницата.

На инцидентот му претходела вербална расправија помеѓу две семејства. Престрелката се случила во 18:40 минути во близина на основното училише „Вук Караџиќ“.

Увид на местото на престрелката извршија обвинител и екипа од СВР Куманово.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…