Home Актуелно Собранието со 80 гласа „ЗА“ изгласа уставни промени!

Собранието со 80 гласа „ЗА“ изгласа уставни промени!

Собранието со 80 гласа „за“ ја донесе одлуката за пристапување кон уставни измени.

„За“ гласаа и пратеници од ВМРО-ДПМНЕ кои се обвинети во предмети на СЈО и тоа Сашо Василевски, Елизабета Канческа Милевска, Љубен Арнаудов и Крсто Мукоски. Василевски, Арнаудов и Мукоски се обвнети за настаните од 27 април и тие оваа недела беа ослободени од куќен притвор, а Судот им определи мерки на претпазливост. Екс-министерката за култура, пак, е обвинета во предметот „Тендери“.

„За“ гласаа и Владанка Авировиќ, Емилија Алекснадрова, Нола Исмајловска и Заќир Рамчиловиќ.

39 пратеници гласаа против.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…