Home Вебкафе Нов рекорд: Шише вино од 1945 година продадено за 558.000 долари

Нов рекорд: Шише вино од 1945 година продадено за 558.000 долари

Шише вино Romanee-Conti од 1945 година на наддавање во аукциската куќа Sotheby’s во Њујорк, беше продадено за 558.000 долари.

Крајната цена која ја достигна овој вински примерок е 17 пати повисока од проценката на аукциската куќа и истата е нов рекорд на сума платена за вино. Претходниот рекорд беше поставен во 2010 година, а го држеше шише Chateau Lafite Rothschild вино од 1869 година, кое беше продадено за 328.000 долари.

Шишето вино Romanee-Conti беше дел од личната колекција на Роберт Драхин од истакнатото семејство кое е познато по производството на вино. Неговиот татко во 1928 година склучил договор со сопствениците на „Romanee-Conti“ и станал нивни единствен дистрибутер за Франција и Белгија.

Неговата колекција на вина е уникатна, а Драхин објасни дека за време на германската инвазија на Франција во триесеттите години од минатиот век, неговиот татко направил лажен ѕид во внатрешноста на подрумот, за да ја осигура винската колекција.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

10 работи што само љубителите на црвено вино ќе ги разберат

10 работи што само љубителите на црвено вино ќе ги разберат Со доаѓањето на топлите летни …