Home Актуелно Од 1 јануари 2019 година Албанија ги укинува спортските обложувалници

Од 1 јануари 2019 година Албанија ги укинува спортските обложувалници

На 1 јануари, 2019 година, со одлука од Владата на Албанија, нашиот западен сосед ќе ги затвори сите спортски обожувалнци. Оваа е одлука на Владата во Тирана која веќе го изготви и амандманот на Законот за игри на среќа со кој дефинитивно нема да има место за активности на спортските обложувалници.

Исто така ново е и тоа дека се затвораат сите локали за електронски игри на среќа кои сега се на главните улици во градовите во Албанија и ќе бидат достапни само тие во хотели кои имаат пет ѕвездички и се лоцирани надвор од градските средини.

Премиерот на Албанија Еди Рама изјави дека „од почетокот на идната година нема да има ниту едно место каде ќе има активност на спортските обложувалници“ и притоа побара од медиумите во земјата да престанат со рекламите посветени на обложовалниците и електронските казина.

Албанскиот премиер рече дека во изминатите пет години во Албанија видно е зголемен бројот на игрите на среќа како резултат на политиката која вледеела кога Социјалистите на Рама беа во колиција на Движењето на Социјалистичка интеграција на актуелниот претседател на државата Илир Мета.

Извор: Либертас

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…