Home Актуелно Актерката доби „шут“ по обвинението за сексуално злоставување?!

Актерката доби „шут“ по обвинението за сексуално злоставување?!

Организаторите на италијанскиот X Фактор, објавија дека Арџенто повеќе нема да биде дел од жирито.

Италијанската актерска и режисерка, Асија Арџенто е една од предводничките на движењето #Metoo, која и самата е обвинета за сексуално злоставување, исклучена е од претстојното италијанско телевизиско шоу.

Организаторите обвјавија дека Арџенто повеќе нема да биде дел од жирито.

„Во договорот со Асија одлучивме да ја прекинеме нашата соработка за да ги заштитиме натпреварувачите од аферата која со нив нема никаква врска и тоа само би го пренасочувало вниманието“, напишаа продуцентите на својот Твитер профил, пренесува агенцијата.

Весникот „New York Times“ изминатиот месец објави дека Арџенто му плаќала 380.000 долари на актерот Џими Бенет откако ја обвинил за сексуално злоставување во еден калифорниски хотел во 2013. година кога имал 17 години.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

7 знаци дека станувате посреќни со годините (иако животот сè уште знае да биде хаотичен)

7 Знаци дека станувате посреќни со годините (и покрај хаосот којшто животот сè уште знае д…