Home Актуелно Оксана Шачко, една од основачките на „Фемен“, најдена мртва

Оксана Шачко, една од основачките на „Фемен“, најдена мртва

Една од основачките на радикалното феминистичко движење Фемен, 31-годишната Оксана Шачко, беше пронајдена мртва во својот стан во Париз.

Таа најверојатно извршила самоубиство. Шачко во последно време страдала од депресија, а веќе имала и два обиди за самоубиство.

Шачко е позната по топлес протестите против сексуалната експлоатација на жените, по што движењето Фемен, формирано во 2008 година стана познато ширум светот.

Пред смртта Шачко на Инстаграм напиша „Вие сте лажни“.

Таа во 2012 година ја напушти Украина со цел да избегне обвинение поради активизмот.

Шачко беше уметничка, која во своите дела сликаше искривени верски сцени, со кои испраќаше политички или феминистички пораки.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …