Убиецот на Мартин Нешковски пуштен од Идризово поради здравствени проблеми и лекување


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Специјалецот Игор Спасов, кој беше обвинет и осуден за убиството на Мартин Нешковски во 2012 година на затворска казна од 14 години излегол од затворот во Идризово.

Тој во моментов се наоѓа во својот дом во Штип, заради прекин на казната заради здравствено лекување. Оваа вест за 1ТВ ја потврди директорот на КПД Идризово, Боби Мојсовски, кој изјави дека постапиле по судски налог на судија за извршување санкции од Основниот суд во Штип.

Според Мојсовски, прекинот на казната е во траење од 30 дена и завршува на 6 август. Осудениот, претходно користел 15 дена прекин на казната добиени од Управата за извршување на санкции, заради лекарски прегледи. Ден пред завршување на одредениот рок, затворската управа добила препорачано писмо од Основниот суд во Штип, потпишано од судијата за извршување на санкции-Ацо Тасев, во кое се побарани дополнителни 30 дена за лекарски прегледи.