Home Вебкафе Видете зошто не треба да го местите креветот наутро!

Видете зошто не треба да го местите креветот наутро!

Велат дека уреден дом, носи и уредни мисли, а за многу луѓе тоа почнува со спремање на креветот утрото. Но експертите велат дека тоа носи повеќе штета од корист.

„Секоја ноќ вашиот душек треба да впие околу пола литар влага, генерално пот“ вели Клаудиа од компанијата за производство на душеци.

„Важно е таа влага повторно да испари во текот на денот, бидејќи во спротивно се создаваат идеални услови за појава на бактерии“ додаде таа.

Наместо да го местите креветот наутро, таа советува да се соберат прекривачите на крајот од душекот и така да биде во текот на денот.

Ако не ви се допаѓа тоа да биде така цел ден, Клаудиа сугерира така да остане барем додека не го испиете утринското кафе.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

Нова серија за Селин Дион открива како започна глобалната икона

Животот на една од најголемите музички ѕвезди на сите времиња, Селин Дион, наскоро добива …