Home Актуелно Поради сообраќајка во прекин сообраќајот на патот Росоман – Прилеп

Поради сообраќајка во прекин сообраќајот на патот Росоман – Прилеп

Од 10:45 часот, поради сообраќајна незгода на патниот правец Кавадарци односно Росоман – Прилеп, околу 200 метри после тунелот, сообраќајот е во прекин во двата правци, соопшти АМСМ.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози на пониските места, додека на планинските, осојничави места коловозите се влажни. Снег со слаб интензитет провејува на Попова Шапка и на планиските премини Маврово, Стража, Пресека и Ѓавато, кој во мометов не преставува пречка за нормално одвивање на сообраќајот.

Од 09:00 часот воведена е забрана за движење на тешки товарни возила на патниот правец Мавровска раскрсница-Дебар.

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…