Home Живот и здравје Зошто треба да правите планк секој ден?

Зошто треба да правите планк секој ден?

Оваа вежба е една од најпопуларните, а за тоа постојат и добри причини. Зошто треба да ја прави секој ден, дознајте во продолжение.

Зацврстување на важните мускули

Планкот влијае врз мускулите од стомакот, грбот, колковите, а овие мускули се многу важни за правилно функционирање на телото.

Подобро држење

Цврстиот горен дел на телото е многу важен за правилно држење, бидејќи тука се тие мускули кои ја даваат потпората, а така вие ќе изгледате повисоко.

Подобра рамнотежа

Силните мускули на телото даваат комплетна стабилност, а тоа е многу важно за рамнотежата и координацијата на движењето.

Намалување ризик од повреди

Истренираните мускули од телото даваат можност за правење движења во сите смерови. Затоа ако сакате да бидете активни, мускулите од средниот дел на телото мора да ви бидат многу јаки.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Живот и здравје
Comments are closed.

Check Also

Сè старее, па и таа: Како се менува вагината со годините

Како што поминуваат годините, сè на телото се менува. Лицето добива брчки, вратот се опушт…