Home Актуелно 30 кучиња починаа од мозочен удар во зовриено комбе – на газдата му висат 90 години затвор

30 кучиња починаа од мозочен удар во зовриено комбе – на газдата му висат 90 години затвор

На сопственикот од транспортното комбе и кучиња во кое, поради преголема температура и зовриен воздух, од мозочен удар починаа 30 миленичиња, му виси затворска казна од 90 години и парична од околу 150.000 долари.

Филипински сопственик на кучиња натоварил околу 40 кучиња во кафези во возило со недостиг на вентилација за да ги пренесе во градот Марикина, недалеку од главниот град Филипини, Манила. Кога пристигнало возилото на местото, кучињата биле пронајдени во несвест, и покрај обидите да ги спасат, вкупно 30 животни починале од мозочен удар и задушување.

Во јавност се појавија видео снимки на кои се гледаат безживотни кучиња како лежат во кафези и на подот и спасувачи кои се обидуваат да ги повратат во живот. Неколку од кучињата имале среќа да преживеат.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…