Home Вебкафе Куќите од овој град се изградени од милијарди дијаманти

Куќите од овој град се изградени од милијарди дијаманти

Нердлинген, герански град во Баварија, за првпат во историјата се споменува во деветтиот век. Интересното во врска со него е што е изграден во кратер на вулкан широк 26 клометри. Но, кратерот крие фасцинантна тајна поврзана со изградбата на градот.

Жителите на Нердлинген со генерации користеле камен од околината на кратерот за изградба на своите куќи, и притоа забележувале дека камењата имаат одреден сјај.

Во 1960-ите години истражување на двајца американски геолози покажало дека кратерот околу Нердлинген не е создаден од вулкан, туку од удар на метеор широк околу еден километар што се случил пред околу 14 милиони години.

Експлозијата што ја предизвикал метеорот предизвикала создавање на милијарди микроскопски дијаманти, кои се широки околу 0,2 милиметри и се безмалку невидливи со човечко око. Тие се причината за сјајот на камените куќи и старите цркви во Нердлинген.

Се проценува дека вкупната тежина на овие минијатурни дијаманти изнесува 72.000 тони, што би претставувало огромно богатство, доколку би можеле комерцијално да се искористат.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

7 знаци дека станувате посреќни со годините (иако животот сè уште знае да биде хаотичен)

7 Знаци дека станувате посреќни со годините (и покрај хаосот којшто животот сè уште знае д…