Home Актуелно Напаѓачот на лекарот пред токсикологија бил сопруг на неговата швалерка

Напаѓачот на лекарот пред токсикологија бил сопруг на неговата швалерка

Сопругот на медицинска сестра е напаѓачот на 48 годишниот Н.З. лекар на Клиниката за токсикологија, кој синоќа беше избоден со нож на влезот на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје.

Како причина, наводно, е љубовната врска на лекарот од Слупчане и медицинската сестра.

Неофицијално, лекарот бил нападнат околу 19.50 часот, од зад грб, пред ќебапчилница на улицата „Мајка Тереза“, при што се здобил со два убоди од остар предмет. Лекарот го кажал името на напаѓачот, а полицијата работи на расчистување на случајот.

Лекарот бил дежурен вчера вечер на клиниката.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…