Home Шоубизнис Најмногу го повреди своето его: Хетфилд од Metallica падна на сцена среде концерт (видео)

Најмногу го повреди своето его: Хетфилд од Metallica падна на сцена среде концерт (видео)

Пејачот на бендот Metallica, Џејмс Хетфилд, падна на сцена во Холандија но, како што вели, освен егото, ништо друго не повредил.

Снимката направена од еден посетител на концертот прикажува како Хетфилд паѓа откако нагазува на вдлабнатина на сцената во текот на вчерашниот настап.

Тој паѓа со лицето на подот и неколку секунди не се поместува додека техничарите не му помогнаа да стане.

„Да, во ред сум. Моето его? Не баш“, ѝ се обрати на публиката во Амстердам по завршувањето на песната.

На Хетфилд ова не му е првпат да доживее несреќа на сцена. Тој во 1992 година претрпе тешки изгореници од сценска пиротехника на концерт во Монтреал.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа силна порака до младите девојки

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа важна порака до младите девојки …