Home Шоубизнис Циркуз во AGT: Кауел го исмеваше бракот од Мел Б, таа му го направи ова…

Циркуз во AGT: Кауел го исмеваше бракот од Мел Б, таа му го направи ова…

Бившата „спајсица“ Мелани Б не ја поднесе добро шегата која на нејзина сметка ја направи Сајмон Кауел за време на снимањето на шоуто за таленти America’s Got Talent. Или барем така изгледаше (најверојатно) исценираната сцена.

Имено, после настапот на еден кандидат, Кауел го притисна црвеното копче и така означи дека изведбата не му се допадна, додавајќи: „Ми се чини дека ова беша нешто слично како венчалната ноќ од Мел Б. Многу очекувања, но без многу конечни резултати“, на што Мелани го потури со вода и потоа го напушти студиото.

Водителката Тајра Бенкс заклучи: „Тоа ви е кога преносот е во живо“.

Инаку, Мел Б е среде развод од сопругот Стивен Белафонте, а секојдневно во јавноста излегуваат сè повалкани детали од нивниот брак, вклучително и нејзината врска со дадилката со која таа и нејзиниот сопруг наводно имале секс во тројка.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Даниил Медведев дисквалификуван откако удри гледач со топка

Тениската ѕвезда Даниил Медведев беше дисквалификуван од полуфиналето на China Open против…