Home Актуелно И официјално: Заев стана мандатар за состав на Влада, Иванов му го додели мандатот

И официјално: Заев стана мандатар за состав на Влада, Иванов му го додели мандатот

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев и официјално стана мандатар за состав на нова Влада на Република Македонија.

При доделувањето на мандатот кратко обраќање имаа и претседателот на државата, Ѓорге Иванов и Заев.

Иванов изјави дека согласно Уставот мандатот му се доделува на Заев кого коалицијата предводена од СДСМ која состави парламентарно мнозинство, го предложи за мандатар за состав на новата Влада.

Заев јавно ја прочита гаранцијата со која ја гарантира унитарноста на државата којашто ја достави и до Претседателот Иванов.

Тој гарантира заштита на унитарноста на државата, тероторијален интегиртет, суверенитет, мултиетничност на државата, уставниот поредок.

Во гаранцијата се вели дека ниту еден документ или платформа, кои би биле во спротивност на ова што го наведе, не може да биде услов или основа за дејствување на новата Влада.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…