Home Вебкафе Луда мерка на Јапонците за да ги тргнат старите возачи од патиштата

Луда мерка на Јапонците за да ги тргнат старите возачи од патиштата

Полицијата во Јапонија на возрасните возачи им дава попуст на супа од тестенини, доколку доброволно ги вратат своите возачки дозволи, како дел од мерките за поголема безбедност во сообраќајот.

„Непристојната понуда“ доаѓа по неколкуте автомобилски несреќи со фатален исход, што ги предизвикаа возачи постари од 75 години, кои во Јапонија ги има околу 4,8 милиони.

Надевајќи се дека меѓу јапонските сениори преовладува желбата за убав и евтин оброк, полицијата во централната префектура Аичи на возачите кои имаат повеќе од 75 години им понуди попусти во локалните ресторани.

Старите возачи кои одлучиле да ги предадат возачките дозволи од плицијата ќе добијат потврда со која за нарачан оброк со тестенити ќе добијат попуст од 90 јени.

Минатиот месец во Јокохама загина шестгодишно момче, а 11 деца од основно училиште биле повредени кога 87-годишен возач на комби ги „собра“ пред едно основно училиште.

Во март во Јапонија беа воведени нови когнитивни тестови за возачи кои наполниле 75 година и кои сакаат да им се продолжи возачката дозвола.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

10 работи што само љубителите на црвено вино ќе ги разберат

10 работи што само љубителите на црвено вино ќе ги разберат Со доаѓањето на топлите летни …