Home Живот и здравје Развивање метод за ориентација на слепи лица со помош на оптичка илузија

Развивање метод за ориентација на слепи лица со помош на оптичка илузија

Слепи лица успешно совладале виртуелен лавиринт како дел од експеримент извршен од страна на Универзитетот во Вашингтон.

Научниците користеле еден вид електрична стимулација на големиот мозок, наречена транскранијална микрополаризација. Така, тие успеале да создадат оптичка илузија кај учесниците во експериментот, која во 92 отсто од случаите помогнала во движењето во лавиринтот.

Процентот на ориентациски грешки во експериментот изнесува 15 отсто.

Транскранијалната микрополаризација претставува неинвазивно дејство на постојан електричен тек од 1,5 до два ампера низ големиот мозок, кое ги стимулира невроните поврзани со одредени физички и умствени активности.

Целта на овие истражувања е изнаоѓање и усовршување начини на полесна ориентација за слепите лица.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Живот и здравје
Comments are closed.

Check Also

Луѓето со оваа крвна група се под поголем ризик од срцеви заболувања

ОВА КРВНА ГРУПА Е ПОВЕЌЕ ИЗЛОЖЕНА НА РИЗИК ОД СРЦЕВИ ЗАБОЛУВАЊА Вашата крвна група влијае …