9 најголеми фитнес грешки


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ако вашето редовно појавување во теретана и напорната работа уште не ви  ги даваат резултатите кои ги очекувате, можеби нешто правите погрешно.

Во оваа статија ќе ви ги откриеме најчестите типични грешки кои можат да ве чинат многу.

Предолг кардио

Сите знаеме дека кардио тренингот е добар за срцето но многу не се свесни дека долгиот кардиот тренинг може да има лошо влијание на кардиоваскуларниот систем. Ограничете го тренингот на пола час, односно немојте да се префорсирате

Подобра е нискокалоричната исхрана

Неточно. Иако нискокалоричната диета е општо здрава и може да ги спречи кардиоваскуларните болести, за време на тренингот ви треба здрава доза на протеини,масти и јаглехидрати.

Спортски напитоци

Пијалаците со електролити  можат да направат повеќе зло отколку добро, посебно ако ги консумирате во текот или после напорниот тренинг. Тие содржат голема количина на шеќер, а шеќерот не е воопшто здрав за телото.

43887838 – fit woman in profile sitting on bench in loft gym drinking water. after a good workout, it’s important to hydrate.

Не пиете за време на тренингот

Многу луѓе воопшто не консумираат течност за време на вежбањето, а тоа е погрешно. Телото активно губи течности и има голема потреба да се надокнади тоа.

Јадете премногу после тренингот

Иако е добро да го надоместите изгубеното после тренингот, припазувајте да не претерате и да не изедете повеќе отколку што сте потрошиле.

Јадете пред тренинг

Добро е да бидете заситени за време на тренингот, но не треба да вежбате со полн стомак. Затоа најдобро е да јадете час до два пред тренингот.

Не се истегнувате

Тренингот мора да се состои од три дела, односно загревање, вежбање и истегнување за крај. Така мускулите работат максимално, а освен тоа го смалувате ризикот од повреда.

Опуштање во сауна или во жешка купка

Веднаш после тренингот не е добро да појдете во сауна, затоа што организмот губи многу течности, а крвниот притисок расти. Тоа може да резултира со неубаво чувство, па дури и несвестица.

Вежбате секој ден

Редовно вежбање не значи редовно, секој ден. За подобри резултати вежбајте преку еден ден.