Home Мода и убавина 8 зимски трендови што веќе ги обожаваат ИТ-девојките

8 зимски трендови што веќе ги обожаваат ИТ-девојките

Температурите полека паѓаат, а нашите фидови се преплавени со плишани капути, меки џемпери и гламурозни празнични комбинации.

Зимата 2025 веќе најавува дека ќе биде сè освен досадна, што добро го знаат и најпознатите „ит“ девојки – како секоја година, тие први ги испробаа, одобрија и промовираа трендовите кои набргу ќе ги преплават улиците.

Како што се приближува празничната сезона, најпосакуваните парчиња исчезнуваат побрзо отколку што можеме да ги додадеме во нашата кошничка, што ја прави оваа фаза совршено време да дознаеме што ќе се носи и како да ја освежиме зимската гардероба со вистински хитови. Влијателни девојки како Софија Ричи, Елза Хоск и Ејми Сонг веќе ги покажаа насоките: од гламурозни салонки за празнични забави, преку шарени и динамични зимски хеланки, до удобни и префинети плетени парчиња во кои би сакале да се замотаме секој ден.

Клучот на сезоната? Слоевитост. Комбинирањето на различни слоеви и текстури станува модна императивна – не само поради практичноста, туку и поради впечатливиот визуелен ефект. Зимски капути, раскошни јакни од вештачко крзно, детали од сомот и плетенини кои наликуваат на топло какао – сето тоа е базата на комбинациите што ја спојуваат елеганцијата со удобноста.

Големото враќање на ремените исто така е забележително – го нагласуваат струкот и му даваат живот дури и на наједноставниот стајлинг. Палетата на бои се движи околу топли, земјени тонови – чоколадно кафеавата повторно блеска како новата црна, додека нежните пастелни нијанси внесуваат свеж, романтичен шмек во сивите зимски денови.

Секако, обувките секогаш ја играат главната улога. Од шик чизми до урбани, модерни патики – акцентот е ставен на модели кои нудат истовремено стил и практичност. Со вистинските парчиња, може да изгледате впечатливо без да се откажете од удобноста – што и е основниот мото на модата оваа сезона.

Зимата 2025 најавува совршена комбинација од топлина, елеганција и личен израз – сезона во која е идеален момент да ја освежите гардеробата со парчиња што ќе ве пратат од утринското кафе до најгламурозната празнична вечер.

Осумте тренда кои доминираат оваа зима погледнете ги во галеријата.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Мода и убавина
Comments are closed.

Check Also

Нови мириси што ќе направат вистински спектакл оваа зима

Како што деновите стануваат постудени, слоевите облека подебели, а атмосферата сè покоузна…