Home Живот и здравје 8 намирници што немаат рок на траење

8 намирници што немаат рок на траење

На половина од подготовката на совршениот рецепт сфаќате дека немате веќе од главната состојка бидејќи сте ја фрлиле додека ја средувавте кујната…

Оваа ситуација му се случува на секого, но можете да ја избегнете – барем кога станува збор за овие осум намирници. Ако се чуваат правилно, овие секојдневни намирници можат да траат со години, па дури и децении по отварањето. Во меѓувреме можеби ќе загубат малку од квалитетот (и тоа ретко). Следниот пат размислете двапати пред да фрлите некоја од овие состојки. Ако сте ги чувале правилно, голема е веројатноста дека се сосема во ред.

1. Мед

Природниот мед колку подолго стои, толку му станува поинтензивен вкусот и останува „некварлив“ без разлика колку време поминало од отварањето. Единствено може да ја смени бојата и да се кристализира – но тоа не влијае ниту на вкусот ниту на здравствените придобивки.

Како да остане свеж: Чувајте го медот на постудено место, со цврсто затворен капак. Доколку се кристализира, ставете ја теглата во топла вода и почекајте да се растопи.

2. Ориз

Секој вид ориз – бел, јасмин, басмати – има неограничен рок на траење ако се чува подалеку од загадувачи. Единствен исклучок е интегралниот (кафен) ориз, поради поголемата содржина на масла кои побрзо се расипуваат.

Како да остане свеж: Чувајте го на суво и постудено место. Кога ќе се отвори, складирајте го во вакумирана тегла или кеса со затворач. За дополнителна заштита, можете да го чувате и во фрижидер или замрзнувач.

3. Шеќер

Без разлика дали е бел, кафеав или во прав – шеќерот не може да се расипе бидејќи во него не се развиваат бактерии. Единствено што треба да избегнете е стврднување.

Како да остане свеж: Чувајте го на суво и ладно место. За да го спречите стврднувањето, чувајте го во добро затворена вакумска амбалажа или во оригиналното пакување во кеса со затворач.

4. Силни алкохолни пијалаци

Дестилирани пијалаци како што се вотка, рум, виски, џин, текила и други слични не можат да се расипат, дури ни по отварањето. Можеби ќе изгубат дел од аромата со време, но тоа речиси и да не се чувствува.

Како да останат свежи: Чувајте ги на ладно и темно место, подалеку од директна сончева светлина. Шишето секогаш цврсто затворете го по употреба.

5. Чист екстракт од ванила

Чистиот екстракт од ванила е поскап од синтетичките замени, но вреди секој денар бидејќи може да трае вечно.

Како да остане свеж: Чувајте го на ладно и темно место, добро затворен кога не се користи.

6. Дестилиран бел оцет

Оваа состојка е речиси неопходна во кујната – од маринади до дресинзи за салати. Може да трае со години без никаков проблем.

Како да остане свеж: Чувајте го на суво и темно место, со добро затворен капак.

7. Пченкарен скроб (густин)

Густин е неопходен за приготвување разни сосови и пудинзи. Ако се чува на соодветно место, може да остане употреблив со години.

Како да остане свеж: Чувајте го на суво и ладно место. Затворајте ја кутијата со скроб цврсто по секоја употреба.

8. Сол

Од обична кујнска до морска или кошер сол – солта е засилувач на вкус кој никогаш не се расипува, ниту го менува вкусот.

Како да остане свежа: Едноставно чувајте ја на суво и ладно место.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Живот и здравје
Comments are closed.

Check Also

5 работи што искусни мајки денес би ги правеле сосема поинаку

Секоја мајка сака најдоброто за своето дете Но дури и најголемата посветеност не може секо…