Home Шоубизнис 74-годишниот милионер и неговата помлада сопруга мерачат по Јадранот на луксузна јахта

74-годишниот милионер и неговата помлада сопруга мерачат по Јадранот на луксузна јахта

Новозеландскиот милионер и познат наутичар Невил Криктон плови по Јадарнот на 46 метри долгата јахта Como, во друштво на неговата 38-годишна сопруга Нади Хасандедиќ и пријателите. Екипата беше снимена од папараците на островот Хвар.

74-годишниот милионер оваа година со 34 години помладата манекенка со босанско потекло, ќерка на мостарецот Мугдим Хасандедиќ Мугде, кој во далечната 1957 година заинал во Австралија. Се проценува дека венчавката чинела околу еден милион долари, што е буквално ситница за 400 милиони долари „тешкиот“ Криктон. Нади пред бракот со милионерот беше менаџерка во Christian Dior.

На Невил во 1978 година му бил дијагностициран рак на грлото, а после 30 операции, докторите му рекле дека никогаш повеќе нема да може да зборува. Сепак, наспроти лошите прогнози, а благодарение на експерименталната операција во Индијанаполис, милионерот проговорил откако беше меѓу првите луѓе во светот на кои им беше вграден вештачки ларинкс.

Богатството го има стекнато со увоз и продажба на луксузни автомобили, а голема страст му се автомобилските трки и едрењето.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …