Home Живот и здравје 7 невидливи знаци дека телото и мозокот страдаат од несоница (и кога ви изгледа дека спиете)

7 невидливи знаци дека телото и мозокот страдаат од несоница (и кога ви изгледа дека спиете)

7 НЕВИДЛИВИ ЗНАЦИ ДЕКА ТЕЛОТО И МОЗОКОТ СТРАДААТ ОД БЕЗСОНИЦА (ДУРИ И КОГА МИСЛИТЕ ДЕКА СПИЕТЕ)

Безсоницата често се сфаќа погрешно како целосно отсуство на сон.

Во реалноста, таа е многу поподмолна — и почесто се појавува како плиток, прекинат или површен сон кој не одморува, туку исцрпува. Мозокот работи под притисок, а телото испраќа сигнали што личат на стрес, вознемиреност или пад на енергија. Безсоницата не е само драматичното „не склопив око“. Таа е и „спиев, ама се разбудив уште попреморен“. И „наместо да заспијам, мозокот реши да пушти рејв“.

Подолу се најчестите знаци дека квалитетот на сѐ што го викаме сон – веќе не ја исполнува основната функција: да ве регенерира.

1. НЕМОЖНОСТ ДА ДОНЕСЕТЕ ДУРИ И НАЈЕДНОСТАВНИ ОДЛУКИ

Планирањето оброк, организирање на денот или одговарање на порака може да изгледа како преголема обврска. Кога мозокот веќе не функционира рационално, зборуваме за исцрпеност — а многу често и за хроничен недостаток на сон.

2. СКРОЛАТЕ БЕЗ НИКАКВО ЗАДОВОЛСТВО

Телефонот во рака, прстот се движи — но внатре, ништо. Ниту задоволство, ниту вина, ни смеа на ТикТок. Ова не е досада, туку допамински хаос. А безсоницата? Нејзината територија уште од првиот ред.

3. НЕНАПОМЕНАТИ ТИКОВИ И МУСКУЛНИ ТРЗАЊА

Окото ти трепка? Ти се трза бутот? Не, не е затоа што си „само малку под стрес“. Тоа е нервниот систем што се обидува да се ресетира — но не му е даден дозволен одмор од барем осум часа.

4. ПРЕЧУВСТВИТЕЛНОСТ НА ОДНЕСУВАЊЕТО НА ДРУГИТЕ

Без добар одмор, емоционалната перцепција се изобличува. Нормалните изрази на лице изгледаат како закана, а обичните коментари се доживуваат како напад. Уморниот мозок губи способност да препознае нијанси и контекст.

5. СЕ БУДИТЕ СО СУВИ УСТА И ЗАТЕГНАТА ВИЛИЦА

Ако утрата ти почнуваат како да си се вратил од фестивал сред пустина — усни суви како Сахара, вилица стегната ко пружина — тоа не бил сон. Тоа било борба. Телото лежело, ама мозокот дежурал како војска на стража.

6. ЧУДНИ ЖЕЛБИ ЗА ХРАНА, ДУРИ И КОГА НЕ СИ ГЛАДЕН

Безсоницата го нарушува хормоналниот баланс, па мозокот бара енергија преку брза храна, шеќер или необични комбинации — не затоа што му треба, туку како очаен обид да се разбуди.

7. ПОСТОЈАНО РАЗМИСЛУВАТЕ ЗА СТАРИ БОЛКИ

Безсоницата ги влече мислите во „темниот режим“. Сѐ се враќа: одбивања, неправди, срамови од гимназија. Не затоа што си станал меланхоличен, туку затоа што преморен мозок постојано пушта емоционално репризно издание. А копчето за skip — не постои.

Порака до оние што го читаат ова во 02:47ч:

Ако се препознавте во повеќе од две точки — време е за спиење. Безсоницата не е стил на живот, туку тивок саботер. Не е прашање на „имам премногу на ум“, туку „имам премалку сон“. А лекот? Не е уште еден клип на YouTube. Сон е. Или барем обид.

Исклучете го телефонот. Исклучете ја светлината. И тишина. Спијте.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Живот и здравје
Comments are closed.

Check Also

Што се случува со крвниот притисок ако секој ден пиете сок од портокал?

Што се случува со притисокот ако секој ден пиете сок од портокал? Крвниот притисок зависи …