
6 ПРИЧИНИ ЗОШТО МАЖИТЕ ИМААТ ПОЕДНОСТАВЕН ЖИВОТ ОД ЖЕНИТЕ
Не е тајна дека мажите и жените се целосно различни суштества – размислуваме, изгледаме и се однесуваме поинаку.
Од некоја причина, и двата пола понекогаш мислат дека другата страна има полесен живот – жените мислат дека на мажите им е полесно, а мажите мислат дека жените свесно уживаат во предности.
Многу луѓе безброј пати дебатирале на оваа тема и секој има свое мислење. Некои веруваат дека жените имаат олеснувања како тоа што полицаец ќе им прости за брза вожња или што полесно влегуваат во ноќни клубови.
Иако врз мажите постои притисок да бидат успешни во кариерата, жените го имаат истиот тој притисок – и плус многу други на нивните плеќи.
Следниве шест причини покажуваат зошто мажите навистина имаат полесен живот. Ако сè уште не се согласуваш со тоа, пробај еден ден да бидеш жена – ќе сфатиш за што станува збор.
1. МАЖИТЕ МОЖАТ МНОГУ РАБОТИ ДА ПРАВАТ СТОЕЈЌИ
Маж никогаш нема да разбере колку е напорно да клечиш над валкан турски тоалет на бензинска пумпа покрај автопат. Тие можат да уринираат стоејќи, каде било. Како целиот свет да е нивен тоалет. Ова е нешто на кое речиси секоја жена позавидува – иако ретко го признаваме тоа. За жените, јавниот тоалет често е ужас – нема жена што нема помислено барем еднаш: „Штета што не можам да мокрам стоејќи.“ Единствениот „бенефит“ е тоа што барем правиме вежби за бутки додека клечиме.
2. ИМ ТРЕБА МНОГУ ПОМАЛКУ ВРЕМЕ ЗА СРЕДУВАЊЕ ПРЕД ИЗЛЕГУВАЊЕ
Жените мораат да поминат низ куп подготовки секогаш кога ќе сакаат да излезат. Пред да излезат, повеќето дами треба да се истушираат, да си ја исушат косата, да ја исправат или навиткаат, да ги издепилираат нозете, да се нашминкаат и на крај – да го најдат вистинскиот аутфит. Мажите? Само се тушираат, облекуваат фармерки и маица, обуваат патики – и излегуваат. Имаме чувство дека мажите не сфаќаат колку труд стои зад „совршен изглед“, а и кога би знаеле – некои од нив никогаш не би покажале благодарност за тоа.
3. НА ПАТУВАЊЕ ПОНЕСУВААТ МНОГУ МАЛКУ РАБОТИ
Дали некогаш сте патувале со маж и се запрашале како е можно да понел две маици и еден пар патики, а вие немате место ни за сувенири од вашиот куфер? Жените мораат да земат шминка, фен, машина за пеглање коса, штикли, балетанки, резервни опции за облека… затоа често и плаќаме за вишок багаж. Мажите, пак, имаат луксуз да спакуваат сè за пат од една недела за помалку од 30 минути – не им треба листа, не им треба план.
4. ТРОШАТ МНОГУ ПОМАЛКУ ЗА НЕГА НА ТЕЛОТО И ЛИЦЕТО
Секои неколку недели, жените одат на маникир, педикир, боење корен на косата, средување веѓи, депилации и многу други третмани за кои мажите не ни свесно размислуваат. Реално – скапо е да се биде жена, и можеби затоа е разумно што некогаш тие не плаќаат пијачка кога излегуваме. Мажите? Се шишаат еднаш на неколку недели – и тоа е сè.
5. НЕ МОРААТ ВЕЧЕР ДА СЕ ОТСТРАНАТ ШМИНКАТА
Покрај тоа што треба да нанесеме шминка, ние мораме и да ја тргнеме на крајот од денот. Не можеш да легнеш нашминкано – тоа е ризик за акни, инфекции и иритирана кожа. Згора на тоа, мораме да купиме и скапа шминка, и скапи производи за чистење лице. Целата таа рутина на шминкање и одшминкување е стран свет за мажите – тие само стануваат од кревет и изгледаат „природно секси“.
6. МАЖИТЕ НЕМААТ МЕНСТРУАЦИЈА
Ова, да бидеме искрени, е најлошото нешто со кое се соочуваат жените секој месец. Болки во стомакот како од нож, надуеност, променливи емоции, мигрени, и континуирано крварење… Тоа е менструацијата. Буквално ви го менува целото расположение. Ако некој мисли дека ова е лесно – тешко се лаже. Мажите навистина имаат предност што не го доживуваат ова секој месец.
Што мислите вие? Дали се согласувате дека животот на мажите е попрост?