Home Мода и убавина 6 фантастични SPF креми што мора да ги пробате летово

6 фантастични SPF креми што мора да ги пробате летово

Кремите за лице со заштитен фактор не се летен луксуз — туку задолжителен дел од вашата beauty рутина!

Како што летото полека ни тропа на врата, а деновите стануваат сè посончеви и потопли, време е сериозно да се посветиме на заштитата на кожата. Бидејќи, да не се лажеме — сонцето е супер за расположение, но кога станува збор за кожата, особено онаа чувствителната на лицето, може да биде навистина опасно.

Зошто навистина ви е потребен SPF за лице?

Кремата со заштитен фактор ја штити кожата од штетните УВ зраци (и UVA и UVB), кои се главни виновници за прерано стареење, појава на дамки, губење на еластичноста, па дури и за сериозни состојби како рак на кожа.

Покрај тоа, редовната дневна употреба на SPF овозможува кожата да остане мазна, млада и здрава, а притоа се избегнува и оној неподносливо црвен и болен изглед по сончање.

Најдобриот дел? Современите SPF креми за лице имаат лесна текстура, не ја замастуваат кожата и совршено функционираат под шминка — па, нема веќе изговори!

Мини водич за правилно користење на SPF крема:

Секојдневно нанесување — дури и кога е облачно! УВ зраците со леснотија минуваат низ облаци.

Намачкајте ја кожата 15–20 минути пред излегување — за кремата да успее да формира ефективен заштитен слој.

Повторувајте ја апликацијата на секои 2 часа — особено ако сте на плажа, пливате или се потите.

Не ги запоставувајте вратот и ушите — овие делови често ги прескокнуваме, а се особено изложени на сонце.

Комбинирајте SPF со шешир, очила и престој во сенка — за максимална заштита.

Ова лето, дозволете ваш сојузник за убава и здрава кожа да биде една квалитетна SPF крема. Превенцијата е клучот за негуван и сјаен тен!

Погледнете ги шестте фантастични SPF креми кои се хит ова лето — во нашата галерија со фотографии.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Лесни течни пудри за лето – совршен спој на свежина и природен сјај

Летната шминка започнува со лесна течна пудра – онаа која не ја оптоварува кожата, а нуди …