5 животни лекции од 80-тите и 90-тите кои ги обликуваа најсилните генерации
Во денешниот свет преполн со микро-менаџирање и зависност од екрани, многу основни животни правила од претходните децении се речиси заборавени. Време е да се потсетиме на нив.
Живееме во ера на бескрајни информации и постојана поврзаност, каде што продуктивноста и постојаната стимулација се сметаат за доблести. Но, забрзаниот ритам на живот доведе до загрижувачки пад на менталното здравје и способноста за справување со предизвици, особено кај помладите генерации. А како постапувале луѓето кои израснале во 80-тите и 90-тите?
Тогаш многу деца биле т.н. latchkey деца – сами дома со клуч околу вратот, без постојан надзор и без никаква дигитална технологија. Тоа беше нешто како мало „училиште за преживување“. Сами решаваа проблеми, си го организираа слободното време и градеа вистински, цврсти пријателства. Тие секојдневни навики создадоа генерации кои беа крајно отпорни и самостојни.
Во продолжение се пет лекции од 80-тите и 90-тите кои и денес можат да бидат водилка кон посилен, постабилен и посреќен живот:
1. Научи да уживаш во тишина и мир
Д-р Глорија Брејм, психолог: „Ние научивме да се чувствуваме удобно во тишина и мир – нешто што денешните генерации го доживуваат како нешто застрашувачко. Младите денес ги проверуваат телефоните 24/7, дури и во паузите не си дозволуваат целосно исклучување. Слободното време не им е вистински слободно.“
2. Гради и негувај вистински односи
Психотерапевтка забележува: „Децата од 80-тите и 90-тите знаеја колку се важни вистинските, физички односи. Денес луѓето имаат илјадници онлајн пријатели, а не го знаат името на соседот до нив. Дигиталните врски не можат да ја заменат реалната блискост.“
3. Решавај ги проблемите самостојно
Д-р Брејм додава: „Во 80-тите, и двајцата родители често работеа, па се враќавме дома сами и требаше да ги завршиме сите обврски или да поправаме нешто на своја рака. Без интернет, YouTube или мобилни телефони, моравме да се потпреме единствено на себе. Денешните деца растат со родители кои им го испланираат секој чекор и решаваат се за нив.“
4. Не се потпирај на постојани дистракции
Во тие децении, слободното време не се сфаќаше како изгубено – туку беше двигател на креативноста и имагинацијата. Картонски кутии стануваа тврдини, дворовите – места за авантури. Децата сами си го организираа денот, развивајќи самостојност и снаодливост – особини кои денес се сè поретки.
5. Одржувај чувство на надеж
Астролог Арја Гмитер забележува: „Генерацијата Z е борбена, но во себе има корени на очај. Претходните генерации беа идеалисти и оптимисти. Денешната борба често произлегува од страв, а не од надеж, што носи повеќе осаменост и цинизам.“