
Нема жена која не ужива во истражувањето на светот на мирисите, особено кога станува збор за парфемите на луксузните брендови.
Нивните шишиња се вистински уметнички дела, а есенциите се софистицирани и незаборавни. Единствениот проблем? Високите цени, кои често не ни дозволуваат да ги додадеме во нашата колекција.
Затоа ги обожаваме парфемите од Zara – пристапни се, а нивните мириси потсетуваат на култните креации на славните парфемски куќи. Ако барате мирисен двојник на омилениот парфем или едноставно сакате да внесете нова мирисна приказна во вашата beauty рутина, ова се топ 5 вирални Zara парфеми кои ги освоија TikTok и модните инсajдери!